НОВ СИНГЛ И СПОТ: “НЕДОСТАСУВАШ”

Од звучната работилницата на Никша Братош, “НБ” студиото во Загреб, во кое се родиле многу хитови од репертоарите на Чолиќ, Џибони, Грашо, Северина и др., Владо Јаневски на своите фанови им донесе новитет: песна со наслов “Недостасуваш”. Владо ги напиша музиката и текстот, а неговиот долгогодишен соработник Никша по правило е одговорен за аранжманот и продукција. На дното на оваа страница можете бесплатно да ја симнете за вашата колекција, и тоа во два формати (.MP3 и .WAV). Видео спотот за “Недостасуваш” е веќе снимен и повторно е во режија на Дарио Јанковиќ за Генерал Филм Студио, а премиерата се очекува следната недела. Владо пролетва го очекуваат веќе закажани настапи, меѓу другото и на заедничкиот концертен хепенинг со други познати изведувачи во рамките на “Мозаик Фестивал” на 28 Февруари во скопската А1 Арена. За Денот на жената, 8 Март, Владо ќе пее за скопјанките и нивните кавалери во ексклузивниот клуб “Интермецо” во Скопје.



назад

НЕДОСТАСУВАШ (В.Јаневски/В.Јаневски/Н.Братош)

0:00