„НЕНОРМАЛЕН” ГО НАЈАВУВА НОВИОТ АЛБУМ!

Најновата балада од перото и грлото на Владо Јаневски беше објавена на 22.02.2022, датум премногу специфичен за да не се случи нешто интересно. „Ненормален“ е можеби најдобрата балада која се појавила во последно време во македонскиот етер. Емотивнo отпеана со легендарниот баритон на Владо и раскошно оркестрирана од ненадминливиот мулти-инструменталист и продуцент Никша Братош. Ова е последен во редицата синглови што го најавија неговиот албум кој Кроациа Рекордс ќе го објави следниот месец во Хрватска и регионот. Неговите издавачи решија овој сингл (во хрватска верзија) да го пријават на престижниот Загрепски фестивал кој по 69-ти пат ќе се одржи на крајот на април.



назад

БЕЗ ТЕБЕ НЕ МЕ БИВА (В.Јаневски/В.Јаневски/Н.Братош)

0:00